ТТЦ Компани се проширува во Северна Македонија, Албанија и Косово

Среќни сме да го пречекаме нашиот долгогодишен колега г-дин Николоски Александар во тимот на ТТЦ и да го поздравиме основањето на компанијата ТТЦ Скопје.
ТТЦ Скопје ќе биде одговорна за териториите на Северна Македонија, Албанија и Косово.
Со техничката експертиза и долгогодишно искуство на Александар во управувањето со меѓународни компании, дистрибутери на ингредиенти за прехранбена индустрија, ние сме повеќе од сигурни дека нашите клиенти покрај производи со врвен квалитет ќе добијат и врвна услуга.

ТТЦ Скопје се наоѓа во индустриската зона во Скопје.

Адреса: ТТЦ Компани Скопје
ул 16та Македонска бригада 13Б 1000 Скопје
Северна Македонија