Наскоро TTC во Хрватска, Словенија и Бугарија

Со големо задоволство најавуваме дека TTC го проширува своето присуство на регионално ниво. Во рамки на новата стратегија за раст и развој, отвораме нова компанија во Словенија која ќе ги покрива пазарите на Словенија и Хрватска, додека паралелно го подготвуваме и влезот на бугарскиот пазар.

Овој чекор претставува значајна пресвртница за TTC и потврда за нашата посветеност кон обезбедување квалитетни услуги, иновации и долгорочни партнерства во регионот.

Со локално присуство и силен тим, TTC ќе биде поблиску до клиентите, ќе одговори побрзо на нивните потреби и ќе понуди решенија прилагодени на секој пазар.

Останете со нас – наскоро следуваат повеќе информации!